Lotus со својот прв SUV ќе ја напаѓа луксузната класа
Британскиот Lotus, со својот прв SUV модел е со намера да биде конкурентен во сегментот на луксузни автомобили
Како и повеќето автомобилски производители, така и Lotus со својот прв SUV модел првенствено ќе цели на кинескиот пазар, каде што се повеќе се бараат луксузни и скапи автомобили.
Сеако, Lotus ќе остане верен на своите корени, така што SUV моделот ќе има спортска линија, со препознатлива за брендот, врвна управливост.
Моделот на Lotus ќе се базира на архитектура SPA на која се поставени и SUV моделите на шведскиот производител Volvo, XC 60 и XC90.
Иако оваа архитектура поддржува само 4-цилиндерски погонски агрегати, Lotus сепак ќе може да понуди различни моќни агрегати, вклучувајќи и хибрид со повеќе од 400 КС.
Засега нема многу детали за првиот SUV модел на Lotus, освен скици на моделот кои протекоа во јавноста, а кои укажуваат на голема сличност со Porsche Macan.
Да потсетиме, сопственик на Lotus е кинескиот Geely, во чија сопственост е и шведскиот Volvo. Сопственикот на Geely, Шифу Ли неодамна стана најголем поединечен акционер во германскиот Daimler.