Веќе неколку месеци наназад се зборува за новиот модел на Huawei, P20 односно P20 Pro, за кој се знае дека ќе има три задни камери, но не се знаеше како тие всушност работат

Ако последните информации се точни, тогаш и тоа веќе не е непознато.

Главната камера ќе има огромен сензор со максимална резолуција од 40MP. Со неа оди телефото 8MP камера со 3x оптички зум, и тие две камери комбинирано даваат вкупно 5x зум, односно имаме 10хибриден зум. Третата камера ќе снима црно-бели фотографии со резолуција до 20 MP, но исто така ќе помага за да се добие ефектот bokeh.

Новиот тренд е снимање на забавени видео записи, па затоа можноста мора да ја има и P20 Pro. Како кај Samsung Galaxy S9, снимките се со резолуција 720p со 960 слики во секунда. Ниту selfie камерата нема да остане во сенка бидејќи има сензор од 24 MP.

Ни остатокот на спецификации не е за фрлање. Тука се 6.1-инчниот 1080p OLED екран во формат 19:9 со заб во кој се предната камера и звучникот, потоа батеријата од 4000 mAh, Kirin 970 процесор, 6 GB RAM меморија, 128GB внатрешна меморија и цената од околу 900 €.