Fitbit Versa – паметен часовник за секого
По разочарувачката продажба на Fitbit Ionica, оваа компанија претстави нов атрактивен модел на паметен часовник кој може да се пофали со повеќето опции што се очекуваат од паметните часовници, со прифатлива цена од 199 долари
Од Fitbit велат дека ова е „паметен часовник за сите“ кој ќе ги привлече и корисниците кои бараат напредни опции за фитнес, како и оние кои имаат намера да го купат својот прв паметен часовник, а не сакаат за таа намена да потрошат голема сума на пари.
Fitbit Versa го заменува моделот Blaze, а иако за дел од корисниците ќе биде неприфатлив поради фактот дека нема GPS (што значи дека ќе биде потребно да се поврзете со паметен телефон за следење на локација), веројатно повеќето ќе бидат задоволни со сензорот за следење на отчукувањата на срцето, батеријата која може да издржи четири дена, прикажување на известувања од паметен телефон, следење на квалитетот на спиење, водоотпорност…
На овој паметен часовник корисниците ќе можат да складираат музика и преку Bluetooth да ја репродуцираат на безжични слушалки за време на трчање или вежбање.
„Нашата мисија е да ги направиме сите луѓе во светот поздрави. Ние ќе продолжиме да им помагаме на корисниците во контролирање на нивната тежина, да бидат поактивни и фит, подобро да спијат и да го намалат стресот“, рече на промоцијата на часовникот ко-основачот и CEO на компанијата, Џејмс Парк.
Покрај овој уред, кој веќе е во предпродажба, а официјално во продажба ќе влезе во април, Fitbbit презентираше и фитнес алка Асе наменета за деца од 8 години, која ќе ги следи активностите на децата и ќе ги поттикнува да вежбаат. Цената на алката е 100 долари.
Со овие два уреди, кај кои цената е во преден план, Fitbit ќе се обиде повторно да завземе поголем дел од пазарот на уреди за носење и паметни часовници, на кој имаше доминација последните години, но ситуацијата е променета во последно време, а главен виновник за тоа е Apple и нивниот Apple Watch кој е најпродаваниот паметен часовник на пазарот.
За тоа дали да успеат да го преземат поголемиот дел од пазарот и повторно да ги освојат корисниците на Versa, исто така, може да зависи од иднината на компанијата, забелешка Venture Beat.