Топ 10 автомобили по сегменти за 2018 година според Consumer Report
<h2>Consumer Reports ги објави 10-те автомобили победници за 2018 година</h2>
Автомобилските награди се доделени по сегменти, а параметрите се доверливост, задоволство на клиентите и резултатите од краш тестови.
Секој од овие автомобили поминал низ ригорозни испитувања и проценки во тест центарот на Consumer Reports. Возилата биле предмет на минимум 50 различни тестови. Реномираното издание, исто така, ја искористило својата експертиза за да предвиди работи како потенцијална доверливост во возилото во текот на експлоатација, како и искуството на сопствениците.
По се, ова се победниците по сегменти:
Компактен автомобил: Toyota Corolla
Компактен „зелен“ автомобил: Chevrolet Bolt
Компактен „луксузен“ автомобил: Audi A4
Автомобил со средна величина: Toyota Camry
Автомобил со полна величина: Chevrolet Impala
Миниван: Toyota Sienna
Компактен SUV: Subaru Forester
Луксузен компактен SUV: BMW X3
Средно голем SUV: Toyota Highlander
Камионет со полна големина: Ford F-150