Британското издание AutoCar составило листа на најлоши таканаречени hot hatch автомобили во историјата

5. MG Metro Turbo

Кога се појавил на пазарот уште во 1983 година, MG Metro Turbo бил еден од ретките hot hatch модели. Сепак, наскоро добива силна конкуренција, на која според Британците не бил дораснат. Од AutoCar велат дека овој модел бил со ужасно лош квалитет, несигурен и со огромна турбо дупка.

4. Alfa Romeo Arna

Јапонските автомобили најчесто се познати по својата сигурност и долговечност, а Италијанците се фантастични дизајнери. Што може да тргне наопаку во соработката со Alfa Romea и Nissan? За почеток, дозволете им на Јапонците да дизајнираат автомобил, а Италијанците да се справат со погонскиот систем. Британското издание моделот го карактеризира како целосен неуспех.

3. Renault Sport Clio V6 MK1

Автомобил со чуден, но атрактивен изглед. На пазарот се појавил во 2001 година, а под хаубата има V6 мотор. Сепак, Британското автомобилско издание тврди дека ова Clio имало премногу тежина, лоша суспензија и премногу кратко меѓуоскино растојание, а не бил ни доволно брз.

2. Peugeot 207 GTi

Французите, а особено Peugeot, имаат долга традиција во hot-hatch сегментот. Сепак, 207 GTi koga се појавил на пазарот во 2007 година не е модел што Французите ќе го пофалат во иднина. Англиското списание верува дека ова е модел само за заборав.

1. Volkswagen Golf GTI Mk3

Во раните деведесетти од минатиот век, „завршено е златното доба” на перформантни hot-hatch модели. Моделите кои следеле во голема мера не стигнале до славата на нивните претходници.