Велат доаѓа снег! Ова е целата опрема потребна за такви услови
Велат снегот освен на планините, конечно доаѓа и во ниските краишта во нашата земја, а кога снежната покривка ќе ги покрие патиштата, не се доволни само зимски гуми и синџири.
Во продолжение за се она што би требало да поседувате за да ви се најде при рака и за да бидете безбедни и подготвени за сите зимски непријатни изненадувања
Кабли за палење
Кога стариот и „изморен“ акумулатор конечно ќе „испушти душа“, а тоа често се случува токму во зима, спасот се старите добри кабли и клеми за палење. Паметно е постојано да ги имате во вашата опрема.
Јаже за влечење
Дури и ако имате нови зимски гуми и синџири за снег, тоа не значи дека не може да се случи да се излизгате од патот и да завршите со длабок снег. Во тој случај, не помага ниту туркање, ниту моќен мотор. За такви ситуации треба добро јаже за влечење.
Стругалка за мраз
Стругалката треба да биде голема и добро обработена, со една гумена страна и еден добро обработен пластичен раб.
Течност за стакло
Иако многумина веројатно ќе кажат дека ова и не треба посебно да се истакнува, сепак треба. Земете високо квалитетна течност за стакла, не само поради тоа што можеби ќе треба да се справи со поголеми минусни температури, туку и поради тоа што течноста во зима се троши многу повеќе.
Метличка за снег
Постојат многу практични метлички, вклучувајќи ги и оние со подолга рачка и подолги и поквалитетни влакна, за полесно чистење на поголемите површини.
Еленска кожа
Универзалната еленска крпа е одлична за бришење на замаглените стакла, што значи дека е задолжителна кај возилата без климатизација.
Лопата за снег
За да нема забуна, таа не служи за отстранување на снегот од покривот или хаубата, туку помага при откопување ако, на пример, заглавите на место со повеќе од 20 сантиметри снег.