Кој е поважен во автомобилската индустрија – луѓето или роботите?
Иако со години владее благ страв дека автомобилската индустрија може да ја уништи светската економија менувајќи ја човечката работна сила со роботи, се уште сме далеку од доминација на машините
Иако повеќето производители, особено оние кои доминираат на пазарот, во голема мера се потпираат на роботи во процесот на производство, сепак луѓето им се интегрален дел од производството на автомобили.
„Ништо не може да го замени човечкиот допир и чувство, изглед, слух, мирис“, вели Том Шуп, директор на фабриката за производство на Honda во Охајо.
За јапонските производители, луѓето се клучен фактор во финалниот дел од производството. Нивото на автоматизација не е променето многу откако Honda ја има отворено фабриката во Мерисвил.
Луѓето инсталираат тркала, мотори, внатрешни компоненти, додека во фабриката истовремено работат околу 20 роботи во финалното составување на возилата.
„Треба да имате вистински ритам. Мислам дека роботите не може да го преземат производството. Тие немаат ниво на спретност и проценк, како што имаат луѓето”, вели 47-годишниот Џејмс Ервин, кој 15 години работи во фабриката во Мерисвил.
На почетокот на 2018 година, на Саемот на Детроит, Honda Accord кој се произведува токму во Мерисвил беше избран за северноамерикански автомобил на годината.
И други гиганти во своето производство повеќе се потпираат на луѓето, како на пример Mercedes-Benz и еден од најголемите производители – Toyotа.
Од друга страна, некои компании одат во сосема поинаква насока, како најпопуларниот производител на електрични возила Tesla.
„Можете да имате луѓе само на производната линија. Во спротивно, брзината на производство автоматски ќе падне на човековата брзина. И понатаму има многу луѓе во фабриката, но тие пред се ги одржуваат машините, ги надоградуваат, средуваат проблеми. Но, што се однесува до чист процес на производство, тука во суштина нема луѓе“, има речено сопственикот Илон Маск уште во 2016 година.
Јасно е дека Honda и Tesla имаат поинаква перспектива кога станува збор за производство на возила. Не е познато дали тоа има врска со големото доцнење во производството на Tesla Model 3, кое е далеку од планираните 5.000 единици неделно.
Без оглед на тоа дали на автомобилската индустрија во иднина ќе се концентрира повеќе на машините и роботите, луѓето уште долго ќе ја имаат клучната улога во процесот.