Според предвидувањата на партнерот на Apple, TSMC, оваа година може да се очекува пад на продажбата на топ-модели на паметни телефони, но и продажба на мобилни уреди од средна и ниска категорија

Неодамна, во медиумите беше објавена информација дека добавувачите на Apple ќе го намалат производството на компоненти за iPhone 8/8 Plus и iPhone X. Иако ова е делумно сезонски тренд, бидејќи генерално побарувачката за телефони и други гаџети паѓа по празниците кога потрошувачката е најголема, сега постојат индиции дека продажбата на iPhone 8 и 8 Plus е помала од очекуваното. Намалувањето на нарачки за компоненти за овие два модели започна уште кон крајот на минатата година, што е сосема невообичаено кога станува збор за телефоните на Apple, но и од самата компанија неодамна коментираа дека тие не се сигурни каква ќе биде реакцијата на корисниците на трите нови модели, вклучувајќи го најскапиот iPhone X , односно како тоа ќе влијае на вкупната продажба на нивните телефони.

Според информациите од TSMC, партнерот на Apple задолжен за производство на компоненти, ова се чини дека е проблем не само со компанијата на Кук, туку и со целиот пазар на врвни паметни телефони. Имено, во TSMC оваа година, се очекува пад во продажбата на премиум паметни телефони. Извршниот директор на компанијата, Ц.Ц. Веи при објавувањето на резултатите од последниот квартал од минатата година изјави дека нивните приходи од пазарот на мобилни уреди се исти, слично на претходната година додавајќи дека, додека продажбата на топ-модели на телефони паѓа, може да се очекува зголемување за неколку проценти на на пазарот кај средната и ниска категорија.

Интересно е тоа дека иако половина од приходите на компанијата доаѓаат од продажба на делови за мобилни телефони, и покрај падот на побарувачката за компоненти, првиот човек на компанијата, Морис Чанг, предвидува зголемување на приходите за оваа година од околу 10 до 15 проценти, и тоа на крилјата на крипто валутите (нивните чипови се користат за рударење на крипто валути) и зголемената употреба на апликации за вештачка интелигенција во податочните и електронски уреди. Дека крипто валутите се важни за оваа компанија, најдобро се гледа од фактот дека по Apple, најголем клиент е Bitmain, кинеска компанија фокусирана на чипови за рударење Bitcoin.