Е-кожа: Иднината на технологии кои се носат
На тековниот CES 2018, најголемиот светски саем за потрошувачка електроника, се одржа познатиот ShowStoppers шоу на кој е претставена Xenoma e-skin односно е-кожа или облека што телото го претвора во ИТ објект
На технолошкото одело се наоѓаат голем број на сензори во сјајните делови, кои движењата на рацете, шаките, рамената, градите, стомакот и грбот ги пренесуваат на компјутер.
Оваа технологија е наменета за истражување на човечкото движење и го подобрува преносот на движења на компјутер, во програми, игри и фитнес. По цена од околу 400-500 американски долари за парче гардероба наскоро секој ќе биде во можност да си купи е-кожа, која ќе му овозможи подобро да вежба, но и за повеќе забава и покорисна игра.
Се разбира, за ова ќе биде потребно фитнес, а особено индустријата за видео игри, да го прифати овој стандард и да го овозможат како начин на користење, односно играње. Замислете само во овој костим, да играте како Лара Крофт – освен што целосно би се идентификувале со улогата на убава ограбувачка на гробови, ќе одработите и добар кардио тренинг, бидејќи се што во Tomb Raider досега сте правеле со џојстик и тастатура наеднаш треба да го направите со сопствени раце и нозе.
Xenomа е првенствено софтверска, програмерска компанија, која претстави и прототип на игра, но со цел продажба на кодот кој ќе помогне во користење на е-кожата на различни начини во овие индустрии. Тајната на овој систем е, освен сензорите во самата кожа, всушност, во контролната единица, која се наоѓа во пределот на градниот кош и безжично се поврзува со компјутер или конзола. Поддржани се Bluetooth и Wi-Fi конекции, а цената на развојниот комплет е 5.000 долари. Повеќе за самиот производ во Kickstarter.