Воздушно перниче за заштита на колковите / ВИДЕО
Саемот за потрошувачка електроника (CES), кој деновиве се одржува во Лас Вегас е можност за производителите од целиот свет да покажат необични иновации, како ова воздушно перниче кое не се инсталира во автомобилите, туку е наменето да се носи за време на прошетки и други физички активности
Производот е дело на компанијата Helite, позната по производство на воздушни перничиња за луѓе кои се занимаваат со различни активности, како што се скијање, јавање или мотоциклизам. Како што воздушните перничиња во автомобилите се користат за спречување или ублажување на повреди при сообраќајни несреќи, така ова воздушно перниче има за цел да ги зачува колковите кои се особено подложни на фрактури кај постарите лица при пад.
Од компанијата велат дека перничето се состои од појас во кој се наоѓаат жироскопи и мерачи на забрзување. Тие се во состојба во рок од 200 милисекунди да утврдат дали лицето кое ја носи перницата губи рамнотежа и почнува да паѓа.
Кога ќе се детектира пад, воздушното перниче се активира во рок од 80 милисекунди, па така колкот е заштитен пред телото воопшто да ја допре земјата (според проценките на производителите, од моментот на губење рамнотежа до удар на тло изминуваат околу 400 милисекунди).
Уредот всушност се состои од две воздушни перничиња за покривање на колковите и кои апсорбираат околу 90% од енергијата на ударот при пад, што претставува значително подобрување во споредба со само околу 10 проценти колку што просек гардеробата која се носи го ублажува ударот.
Ременот има маса од само 1 кг и е опремен со сензори кои му помагаат на лицето кое го носи правилно да го позиционира.
Воздушното перниче што ги држи колковите има цена од 790 долари без резервоар за гас кој може да се користи само за едно активирање на перничето, а чини 50 долари.