Изборот на име за нов модел не е воопшто лесна задача за производителите на автомобили

Токму затоа, ако имињата немаат потекло од митологијата или не се именувани по градот од кој доаѓаат, често се мистерија.

Таков пример е иконата помеѓу спортските автомобили, Porsche 911, чиј надворешен дизајн е производ на еволуција која започнала во 1963 година, кога всушност е роден оригиналниот модел. Прашањето е зошто 911 се нарекува 911?

Во приложеното видео се објаснува дека оригиналниот план бил новиот автомобил на компанијата Porsche да биде наречен 901. Сепак, планот паднал во вода, бидејќи стигнало писмо од компанијата Peugeot, во кое се наведува дека компанијата законски ги заштитила сите имиња за автомобили кои содржат три броја, а средниот е 0.
О
ва значело дека Porsche не може да го користи ова име, исто како и 801, 602, 704 и слично. Со оглед на тоа дека Porsche веќе имал во план таа ознака да ја закачи на задниот дел на автомобилот, како и на контролната табла, а бројките веќе биле отпечатени и подготвени, компанијата морала брзо да одлучи што да направи, а притоа да не загуби многу пари. Тогаш се дошло до едноставна идеја да се исфрлат сите нули и да се отпечатат исто толку единици кои ќе го заземат нивното место.

Така настанало името 911, кое и ден денес предизвикува почит во автомобилска индустрија.

Погледнете го видеото!