За 41% од Германците и 34% од Британците, не е важно од која земја доаѓа брендот на автомобилот

Се повеќе купувачи на автомобили во Германија не би имале проблем да купат кинески автомобил. Речиси една третина од 1.055 жени и мажи Германци анкетирани од страна на веб порталот Carwow можат да замислат дека нивниот следен автомобил ќе биде од Кина. Сепак, 70 отсто одбиваат возила од Кина, додека кај Британците, оваа бројка е 71 отсто.

„Кинеските производители на автомобили кои сакаат да влезат на пазарот во Германија мора да привлечат нови возачи. Тие се борат со речиси целосен недостаток на свест за брендот и мора да ја променат моменталната перцепција на јавноста за квалитетот на нивните производи“, вели извршниот директор на Carwow, Филип Сејлер.

За 19% од Германците и дури 27% од Британците, потеклото на возилото е многу важен фактор, за 40% и 39%, соодветно, делумно одлучувачки фактор. Од друга страна, за 41% од Германците и 34% од Британците, не е важно од која земја доаѓа брендот на автомобили. Кинеските производители на автомобили сакаат масовно да се прошират во Европа. Иако не успеаја во нивните први обиди поради големи пропусти во квалитетот и безбедноста, Кинезите сега очигледно ја научија лекцијата и работат на процесот на обезбедување на својот прв пазарен удел во Европа. Ова особено се однесува на електричните автомобили, каде Кинезите се еднакви, па дури и технолошки супериорни во однос на германските, јапонските или американските производители на автомобили. Токму поради оваа предност, кинеските производители би можеле полесно да го освојат европскиот пазар отколку, некогаш, јапонските и корејските производители. Им требаа децении.