Togg е симбол на технолошкиот напредок, економскиот развој и глобалниот престиж на Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и сопругата Емина Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги презеде клучевите за новата „национална гордост на четири тркала“. Станува збор за целосно новиот електричен теренец Togg T10X произведен од турската компанија Togg.

За популарноста на турскиот новитет доволно зборува и податокот дека за само десет дена компанијата собрала 177.400 нарачки.

За време на премиерното возење во дворот на претседателската палата во Анкара, Ердоган не го крие задоволството:

„Приказната започна во 2019 година кога го најавивме нашиот сопствен SUV, а сега имате сериска верзија пред вас. Овој автомобил ќе не направи горди. Ќе видите многу од нив на нашите патишта. Togg ќе биде симбол на технолошкиот напредок, економскиот развој и глобалниот престиж на нашата земја“, вели Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и сопругата Емина Ердоган

Турскиот Togg T10X е придвижуван од електричен мотор со 218 КС и 350 Nm вртежен момент, а клиентите можат да избираат помеѓу две батерии кои нудат опсег од 314, односно 523 километри. Забрзувањето до стотка трае 7,4 секунди.

На крајот на годината понудата ќе се зголеми и со помоќна верзија со два електромотори со вкупна моќност од 435 КС и 700 Nm, која до 100 km/h ќе забрзува за 4,8 секунди.

\

Батеријата може да се наполни од 20 до 80 проценти од капацитетот за 30 минути.