Добро е да се знае: Во кои земји најмногу ќе ве чинат најчестите сообраќајни прекршоци?!
Ако возите 20 km/h побрзо од дозволеното надвор од населените места, ќе платите казна од 585 евра во Норвешка, 215 евра во Шведска, 200 евра во Финска, 195 евра во Холандија, 180 евра во Швајцарија, 175 евра во Италија…
Сообраќајни прекршоци се случуваат секојдневно. Некои ги прават почесто, некои еднаш или двапати во пет години. Како и да е, често средба со сообраќајната полиција знае да биде прилично трауматична, без разлика колку се љубезни, а особено е тешко кога тоа се случува во странство. Во некои држави, честите сообраќајни прекршоци, како на пример возење побрзо од дозволената брзина или користење на мобилен телефон, се прилично скапи. Германскиот автоклуб ADAC ви претставува преглед на најинтересните.
Значи, ако возите 20 km/h побрзо од ограничувањето надвор од населените места, ќе платите казна од 585 евра во Норвешка, 215 евра во Шведска, 200 евра во Финска, 195 евра во Холандија, 180 евра во Швајцарија, 175 евра во Италија додека вие во Германија плаќате 60 евра.
Ако паркирате на непрописно место и бидете фатени во Холандија се плаќа од 100 евра, а во Полска од 110 евра. Во Австрија (од 20 евра), во Швајцарија (од 40 евра) и Италија (од 45 евра). Сепак, тоа сепак чини повеќе отколку во Германија, каде за таков прекршок се казнува со парична казна од 10 евра или (малку) повеќе.
Што се однесува до алкохолот, кој ќе биде фатен со 1,5 промили во Италија, му се заканува и конфискација на автомобилот. Според ADAC, слично е и во Данска кога ќе броите повеќе од 2,0 промили. Затоа во Шведска може да завршите во затвор еден месец ако имате повеќе од 1,0 промили, додека со измерени 1,2 промили во Шпанија затворската казна оди и до три месеци.
Остварувањето повици без „handsfree“ систем резултира со казна од 850 евра во Норвешка и 380 евра во Холандија. Шпанија го санкционира ова со најмалку 200 евра, а Италија со 165 евра, додека во Германија казната започнува од 100 евра.
Како заклучок, „памет во глава“ кога патувате во странство, што не значи дека така не треба да биде и на домашните патишта.