Сега и Австрија е против забраната за мотори со внатрешно согорување во ЕУ: Зависноста од Кина станува голем проблем…
Ако Австрија го задржи својот став, германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг (FDP) ќе има уште еден поддржувач на ниво на ЕУ
Како и Италија, Чешка, Германија и други земји, Австрија, исто така, би можела да се согласи постепено да ги укине моторите со внатрешно согорување, само доколку тоа не е поврзано со забраните за нефосилни алтернативи, истакнува австрискиот канцелар Карл Нехамер (партија ÖVP), иако како коалиционен партнер ја има Зелената партија.
„Мораме да се спротивставиме на „апокалипсата“ на климатските активисти и против „забраната“ на моторите со внатрешно согорување“, цитира австрискиот весник Kronen-Zeitung.
Иако Австрија нема сопствена автомобилска индустрија, постојат многу важни и големи компании поврзани со автомобилската индустрија.
„Би било грешка да се укинат моторите со внатрешно согорување, бидејќи тогаш би се откажале од предноста на know-how и би станале зависни од други, а зависноста од Кина како производител е веќе евидентен голем проблем“, продолжува Нехамер.
Доколку Австрија го задржи својот став, германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг (FDP) би имал уште еден поддржувач на ниво на ЕУ. Конечното гласање на членките на ЕУ за забраната за мотори со внатрешно согорување од 2035 година е одложено на неодредено време од 7 март бидејќи Италија, Германија и неколку источноевропски земји не сакаат да го одобрат, барем не на овој начин.
Меѓу другото, се бара да се овозможи продажба на автомобили со погон на синтетички горива. Сепак, многу други земји, како Франција, го отфрлаат ова и бараат забрани за автомобилите со мотори со внатрешно согорување во 2035 година. Тогаш ќе бидат дозволени само електрични или водородни возила како нови возила.
Канцеларот Нехамер нагласува дека во принцип нема несогласување со Зелените во однос на заштитата на климата, но дека на тој пат има одредени неопходни мерки. Во исто време, Нехамер останува целосно на линијата на неговиот коалициски партнер во отфрлањето на нуклеарната енергија. Австрија се изјасни против нуклеарната енергија, но во споредба со другите земји полесно ги покрива своите енергетски потреби од други извори.