Рекордери: За кои нови автомобили времето на испорака е најдолго?!
Во моментов, ако сакате ново Volvo V60 Cross Country на испорака ќе треба да почекате и до 22 месеци
Купувањето на нов автомобил во 2022 година, воглавно значеше и одредено време, во одредени случаи и со месеци, за испорака. Тесното грло е предизвикано од недостатокот на чипови во автомобилската индустрија, а голема улога игра и рускиот напад врз Украина, односно војната.
Ситуацијата сè уште не е подобрена. Купувачите на автомобили сè уште треба да имаат многу трпение. Во просек, во моментов треба да се чека девет месеци, барем според анализата на онлајн пазарот за нови автомобили на магазинот Carwow. Нема вистинска разлика помеѓу моторите со внатрешно согорување и електричните автомобили. Volvo V60 Cross Country моментално има најдолго време на испорака – до 22 месеци. Audi Q4 e-tron е веднаш зад него со рок на испорака од 20 месеци. Многу трпение е потребно и за Porsche 911 Carrera (19 месеци), Skoda Enyaq iV (18 месеци) и Kia EV7 (18 месеци) и Sorento (16 месеци). Кој ќе избере VW Touran ќе треба да почека 14 месеци. Некои модели моментално не се ни достапни за нарачка.
Очекувањата се дека оваа криза треба да попушти кон крајот на годината. Ова е листата на автомобили со најдолго време на испорака до клиентите.
Модел | Време на испорака |
---|---|
Volvo V60 Cross Country | 17-22 месеци |
Audi Q4 e-tron | 18-20 месеци |
Porsche 911 Carrera | 16-19 месеци |
Škoda Enyaq iV | 15-18 месеци |
BMW i4 M50 | 15-18 месеци |
Kia EV6 | 12-18 месеци |
Kia Sorento | 12-16 месеци |
VW Touran | 12-14 месеци |
Opel Corsa-e | 12-14 месеци |
Land Rover Discovery Sport | 12-14 месеци |
Audi A8 | 13 месеци |
VW ID.3/ID.4/ID.5 | 11-13 месеци |
Range Rover Sport | 11-13 месеци |
Hyundai Inoiq 5 | 10-13 месеци |
Hyundai Inoiq 6 | 8-13 месеци |