Некои купувачи на електричните камиони на Daimler во САД морале да се откажат од набавката затоа што сфатиле дека немаат каде да ги полнат камионите на транспортните рути

Првите електрични камиони се на патиштата, а во декември Tesla во промет го испраќа својот прв Semi, кој има домет од околу 800 km и може да подигне товар од 40 тони. Изгледа како убава приказна, но дали е навистина така? Односно, дали товарниот транспорт е подготвен за електричната транзиција?

Веројатно не, според една сеопфатната нова студија на National Grid Plc. Истражувачите откриле дека до 2030 година, електрифицирањето на типична станица за полнење на автопат ќе бара огромна количина на енергија, како голем стадион – и тоа воглавно само за електрифицирани патнички возила. Како што се повеќе и повеќе електрични камиони ќе излегуваат на патот, предвидените потреби за електрична енергија за една станица за полнење ќе бидат еднакви на потрошувачката на електрична енергија на еден мал град. Станува збор за 2035 година, пишува Bloomberg.

Авторите на студијата нагласуваат дека проблемот не е во самото производство на електрична енергија – тоа треба да биде доволно, туку во фактот дека е неопходно да се изградат илјадници супербрзи полначи (со голем капацитет), а тоа би можело да биде предизвик. Некои купувачи на електричните камиони на Daimler во САД морале да се откажат од купувањето бидејќи сфатиле дека немаат каде да ги полнат камионите на транспортните рути.