Уште еден производител кој го сели производството од Велика Британија

Фабриката на Mini во Каули, во близина на Оксфорд, повеќе нема да произведува електрични возила. BMW одлучи да го пренесе производството во Кина и да го остави на својот тамошен партнер Great Wall Motor. Кинескиот производител ќе го произведува и новиот модел Aceman Mini. Електричниот Mini Countryman ќе се произведува во фабриката во Лајпциг.

Тоа е голем удар за регионот и за Велика Британија, која се надеваше дека ќе стане глобален центар за производство на електрични возила.

Да потсетиме, Honda реши да го напушти островот откако Велика Британија реши да ја напушти Европската унија. Производството беше преместено во Јапонија, а фабриката во Свиндон беше затворена со губење на преку 3.000 работни места.

Фабриката во Каули произведува околу 40.000 електрични Mini годишно. Според последните информации, производството ќе биде прекинато во текот на следната година, пишува The Times.

Една од можностите за која има шпекулации е дека фабриката на Mini во Каули на крајот ќе биде купена од Great Wall Motor и таму ќе се произведуваат неговите модели за европскиот пазар. Стефани Вурст, новата шефица на Mini, рече дека гласините се невистинити и дека „Оксфорд секогаш ќе биде домот на Mini“. Таа вели дека производството на електрични и бензински автомобили на иста линија е неефикасно и дека фабриката во блиска иднина ќе се модернизира со, погодувате, производствена линија на Great Wall.