Она што повеќето од нас не го знаат е што прави Холивуд за да се осигура дека возилата се оштетени токму онака како што сакаат режисерите

Без разлика дали се работи за филм за суперхерои, за грабеж на банка или за напнат шпионски трилер, големи се шансите филмот што го гледате да го прикажува уништување на барем неколку автомобили.

Но, она што повеќето од нас не го знаат е што прави Холивуд за да се осигура дека возилата се оштетени токму онака како што сакаат режисерите.

Новото видео на YouTube каналот на Insider објаснува некои од тие методи со помош на JEM FX, една од компаниите што Холивуд ја ангажирал за да помогне во снимањето на филмови како на пример „Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings“.

Ако сте го гледале филмот, можеби се сеќавате на сцената кога автобус во Сан Франциско вози преку куп автомобили, вклучувајќи BMW i8 и Porsche 944. Но, познато е дека столбовите и покривот на автомобилот се прилично силни, па продуцентите на филмот барале „здробен“ изглед. Од JEM FX ги отсекле столбовите и иако модификациите биле невидливи однадвор, тие овозможиле покривот на секое возило целосно да се набие кога автобусот ќе помине преку покривот.

Други трикови вклучуваат ставање лажни панели направени од мек алуминиум во автомобилите кои можат силно да се гужваат, било кога ќе бидат удрени или кога ќе бидат повлечени од другата страна со уред што не го гледа камерата. Оваа техника е користена во „Ghostbusters: Afterlife“ кога продукцискиот тим сакал телото на камионот да изгледа вдлабнато за време на потера од дух кој подоцна ќе биде додаден со помош на технологијата CGI.

Ако сте од оние кои не сакате некакво видео да ви ја расипе филмската магија, тогаш ова видео не е за Вас. Во спротивно, ова видео дефинитивно вреди да се погледне.