Идејата е да се ограничи потрошувачката на енергија при големи брзини, што би ја подобрило автономијата

Германскиот производител на опрема Bosch го развил CVT4EV, верзија на безстепенски менувач специјално дизајниран за електрични возила. Идејата е да се заштеди енергија. 

Електричните возила воглавно немаат менувачи и имаат еден преносен однос. Нивниот вртежен момент е всушност достапен од самиот почеток, а плафонот на вртежите може да надмине 10.000 вртежи во минута. Предноста на менувачот е ограничена поради дополнителната маса и цена. Неколку ретки производители сепак се обидоа со експериментот, особено Porsche, кој го опреми својот Taycan со менувач со две брзини што му овозможува да одржува големи брзини со помала потрошувачка на енергија. Тоа всушност е истото размислување што го нуди Bosch со својот CVT4EV менувач, специјално дизајниран за електрични автомобили.

Идејата е да се ограничи потрошувачката на енергија при големи брзини, што би ја подобрило автономијата. Ова би овозможило и зголемување на максималната брзина на автомобилот со посилни забрзувања и користење на предноста од поголем вртежен момент при мали брзини, особено при влечење приколка.

Bosch проценува дека овој CVT4EV менувач обезбедува околу 4% заштеда. Доволно или не? Ова ќе го оценуваат производителите на автомобили на кои Bosch ќе им го понуди својот менувач.