Volkswagen и Audi имаат нова технологија: Тврдат дека е речиси невозможно да се лажира бројот на километри на нивните автомобили!
Измамниците ја зголемуваат вредноста во просек за 3.000 евра по автомобил
Регулативата на Европската унија од 2017 година за заштита од манипулација со километражата сè уште не е имплементирана, додека истражувањето на германскиот автомобилски клуб (ADAC) докажува дека се уште лесно може да се манипулира со километражата kaj новите автомобили. Но, два германски производители на автомобили сега тврдат дека имаат решение.
Прилагодувањето на километражата денес е рутина и се нуди дури и за само 50 евра. Полицијата претпоставува дека на секој трет користен автомобил продаден во Германија е корегирана километражата. Измамниците ја зголемуваат вредноста во просек за 3.000 евра по автомобил, измамувајќи ги купувачите на половни автомобили или компаниите за лизинг. Проценетата вкупна штета во Германија е околу 6 милијарди евра годишно.
Регулативата на ЕУ 2017/1151 формално пропишува дека километражата во автомобил мора систематски да се одржува. Законот се применува за новите модели на возила од септември 2017 година, а од септември 2018 година за сите нови автомобили. Но, до ден денес се уште недостигаат детални прописи за тоа како треба да изгледа оваа заштита и кое неутрално тело треба да ја провери. Резултатот од сето ова – манипулирањето продолжува, но не на сите автомобили.
Кога ги прелистувале релевантните веб-локации за користени возила, експертите на ADAC забележале дека ова повеќе не важи за Audi A3 (од 2020 година) и VW Golf 8 (од крајот на 2019 година). Овие модели можеби се подобро заштитени од измами со километражата отколку многу конкуренти. Причината се новите компјутерски чипови со HSM заштита (Hardware Secure Module) кои се користат за заштита на километражата.
Volkswagen најавува и дополнителни мерки за спречување на корекција на километражата.