PAGANI не можеше да избере подобро име за својот нов модел.

Скриен зад кодното име C10, новиот Pagani конечно пристигна и своето име го зема од литературата, поточно од истоимената книга на Томас Мур, која се занимава со идеален свет. А доколку барате идеален свет меѓу хиперспортските автомобили, ќе го најдете во Pagani, и тоа уште од легендарната Zonda.

По Zonda дојде Huayra, за сега да пристигне и Utopia. Пред да добие посебни уникатни изведби, треба да се каже дека Utopia е развиена токму според желбите на постоечките сопственици на автомобилите Pagani, што грубо значи дека нема компромиси. 

„Едноставност, леснотија и уживање во возењето“, тоа е она што клиентите го бараа.

А добиле автомобил придвижуван од Mercedes 6.0 V12 twin-turbo мотор кој произведува 635 kW/864 КС при 6000 вртежи во минута и 1100 Nm вртежен момент во опсег од 2.800 до 5.900 вртежи во минута. А потоа следуваат двете најдобри работи: првата е дека моторот е усогласен со „изложениот“ мануелен менувач со седум брзини, а втората е дека погонот е во согласност со ригорозните стандарди за издувни гасови.

Во понуда ќе има и автоматизиран менувач, најбрзиот во светот според Pagani. Без сомнение, во Pagani, драматиката е онаму каде што треба да биде. Од друга страна, дизајнот на Utopia не се издвојува особено. Елементите на аеродинамиката вешто се кријат, не недостасува елеганција.

Автомобилот е поставен на монококна шасија направена од композит од јаглерод и титаниум. Тука е и новата таканаречена А-класа на јаглерод со 38% поголема крутост од „обичниот“ јаглерод.Нема недостиг од благородни материјали, па дури и издувот е од титаниум со керамичка обвивка. Епилогот е вкупно 1.280 килограми маса.

Алуминиумската суспензија со електронски контролирани амортизери обезбедува супериорни возни карактеристики. Сопирачките се потпишани од Brembo, а специјално дизајнираните бандажи со карбонски крилца се грижат за дисипација на топлина од сопирањето.

Внатре, Utopia ги избегнува дигиталните екрани. Има само еден екран, сместен помеѓу аналогниот брзинометар и бројачот на вртежи. Наместо инфозабава, во средината има многу поважни инструменти. 

За крај, треба да се каже дека е најавено производство на вкупно 99 примероци. Цената се уште не е јавно објавена.