Кина ги исклучува електричните полначи, традиционалните горива на хоризонтот
Кина е еден од најголемите светски лидери во продажбата на електрични автомобили, при што инфраструктурата за полнење почнува да покажува знаци на исцрпеност до таа мера што владата е принудена да ги затвора јавните станици за полнење поради големиот топлотен бран и температури над 45 °C. поради што нагло пораснала побарувачката за електрична енергија
Ситуацијата станала толку неодржлива што владата одлучила да ги затвори и јавните и приватните полначи на брендови како што се Tesla, Nio или Xpeng, според „MIT Technology Review“. Корисниците не се многу одушевени од оваа одлука. Во регионот Сечуан има 31 компресор на американскиот производител Tesla, но во функција биле само два и тоа со највисока цена на струјата.
Состојба која се случува низ државата ги принудува компаниите задолжени за јавното снабдување со електрична енергија да нудат попусти и до 50% доколку струјата се користи ноќе. Ова е случајот со State Grid, најголемата државна компанија во Кина, која морала да ја откаже услугата во три големи кинески провинции каде има 800.000 електрични возила.
Друг гигант е TELD, кој затворил повеќе од 120 станици за полнење во регионот Ченгду од 8 часот наутро до полноќ, за време на најголемата потрошувачка на електрична енергија. Леи Ксинг, аналитичар во автомобилската индустрија, истакнува дека немало широки прекини на струја. Се чини дека Кина веќе има добра инфраструктура за полнење, но кога ќе се случи нешто како овие ограничувања на електричната енергија, се појавуваат и проблемите.
Сите сопственици на електрични возила кои зависат од јавни полначи сега се во неволја, а оваа страшна ситуација може да ги натера да се вратат на традиционалните горива доколку истата дополнително се влоши, и покрај фактот што има владина субвенција од 4.000 американски долари за купување електрични автомобили.
Високите температури ги покажуваат слабостите на инфраструктурата за полнење, имајќи предвид дека најголем процент од електричните автомобили се наоѓаат во урбаните средини. Проблемот на Кина е што нема алтернативни решенија за ублажување на недостигот на електрична енергија.
Соларните панели заземаат само 2,8 отсто од вкупното земјиште, главно во руралните средини, а нема домашни електрични полначи, бидејќи за тоа би било потребен постојан паркинг, што е скоро невозможно во големите кинески градови.
Ова е еден од клучевите на кој типуваат експертите за решавање на проблемот, покрај барањето електрична енергија од други обновливи извори како што се ветерниците или морската соларна енергија.
„Ако до 2025 година повеќе од половина од новите автомобили продадени во Кина би можеле да бидат електрични – околу 15 милиони – како може електричната мрежа да одговори на тој вид на побарувачка?!, вели Леи Ксинг.