Grand Tour се враќа на ТВ екраните: Познатиот тим ќе вози рели во снежната Скандинавија / ВИДЕО
Според Amazon Studios, специјалот ќе ги види Хамонд, Кларксон и Меј „зад воланот на нивните три омилени автомобили за рели возење“.
Grand Tour на ТВ екраните се враќа веќе на 16 септември, а веќе е познато дека триото Џејмс Меј, Ричард Хамонд и Џереми Кларксон ќе ја обиколи снежната Скандинавија во три автомобили со погон на четири тркала подготвени за рели искушенија.
Според Amazon Studios, специјалот ќе ги види Хамонд, Кларксон и Меј „зад воланот на нивните три омилени автомобили за рели возење“ додека тие „се впуштаат во авантура полна со катастрофи и која вклучува подморнички бази од времето на Студената војна, тркачки патеки на замрзнати езера, несреќи и скијање во одморалишта“.
Иако официјалниот предизвик е да се провозат во нивните омилени рели автомобили околу најсеверниот дел на Европа, како што истакнуваат Меј и Хамонд, Audi-то избрано од Кларксон е направено многу години по најславниот рели период на марката.
Без оглед на тоа, Audi RS4 ќе се спротивстави на моделите Меј и Хамонд како Subaru Impreza WRX STI и Mitsubishi Lancer Evolution VIII во серија интересни предизвици.
Во најавата за новиот специјал, Меј се чини дека вози жолт Mitsubishi Evo VIII. Од претходно е познато за несреќата што му се случи во тунелот што води кон норвешката поморска база кај Тромсо, во која наводно со брзина од 121 km/h изгубил контрола над автомобилот и удрил во карпа.
На снимката близу крајот на најавата се чини дека Mitsubishi-то се лизга странично во ѕид со особено голема брзина. Меј наводно завршил со скршено ребро и удар во главата. За среќа, пред три недели објавуваше видеа на Јутјуб, па веројатно не претрпел трајни повреди.
Епизодата ќе се вика The Grand Tour Presents: A Scandi Flick, референца за стил на возење што ги прослави скандинавските рели возачи.