Франција официјално го забрани рекламирањето на фосилни горива, при што забраната за рекламирање, почнувајќи од 2028 година, се шири и на автомобилите што се нудат на пазарот, а најмногу загадуваат

Една година по донесувањето на законот за „клима и отпорност“, конечно стапува на сила една од неговите најсимболични мерки. На крајот на август 2022 година, секоја јавна промоција на фосилни горива официјално ќе стане забранета во земјата на Галите. Под фосилни горива, во духот на оваа регулатива се подразбира нафта и сите нејзини деривати, јаглен па дури и водород, кога неговото производство не е декарбонизирано.

Сепак, дефиницијата за фосилни горива, што е чудно, не го вклучува гасот, чие рекламирање останува дозволено до 30 јуни 2023 година. Горивата чиј удел во обновливата енергија достигнува или надминува 50% се целосно изземени од оваа забрана.

Во време кога малопродажните синџири ги зголемуваат нивоата и видовите на попусти што ги нудат на своите пумпи, се со цел да привлечат што е можно повеќе клиенти, овие економски гиганти остануваат без право активно да ја промовираат понудата на гориво што го нудат со значителни попусти.

Од 2028 година ќе бидат забранети и реклами за автомобили со термомотори

Како потсетување, претходно беше изгласан правен (климатски) акт со кој се оневозможува рекламирање на патнички автомобили кои испуштаат повеќе од 123 g/km CO2 соединенија во атмосферата преку работата на нивните мотори, кој ќе стапи на сила во 2028 година. . Со други зборови, тогаш ќе стане практично невозможно да се промовира автомобил со средна големина (моќен) мотор, освен ако не претрпел одреден степен на хибридизација.

За жал, почнувајќи од истата година, нема да може да се рекламираат таканаречените „автомобили од соништата“ ниту во специјализирани списанија.