Со регистарски ознаки ќе може да се наплатат и првите казни за велосипедистите кои ги кршат сообраќајните правила

Велосипедистите се една од најранливите групи во сообраќајот, но, тоа што се лишени од сигурносниот автомобилски оклоп не ги оправдува кога и самите се одговорни за сообраќајни прекршоци. Британскиот премиер Борис Џонсон е на излезна врата поради низа скандали, но неговата влада се уште е функционална.

Во владата на Велика Британија расте верувањето дека велосипедистите треба да бидат принудени да ги покажуваат регистерските таблички и да ги почитуваат истите ограничувања на брзината како и возачите на автомобили, пишува британскиот Daily Mail, повикувајќи се на изјава на министерот за транспорт Грант Шапс.

Во Велика Британија за моторните возила во повеќето градови е воведено радикално ограничување на брзината од 20 милји на час (околу 32 км/ч), а доколку пројде еден ваков закон, ќе треба да се примени и на велосипедистите. Со регистарски ознаки ќе може да се наплатат првите казни за велосипедистите кои не ги почитуваат ограничувањата и прекршуваат други сообраќајни правила. Но, тоа не е се, покрај регистарската табличка, британските велосипедисти во иднина би можеле да бидат принудени да плаќаат и за осигурителна полиса. За разлика од возачите, велосипедистите тешко може да се повикаат на одговорност за несреќи кои се по нивна вина.

Олеснителна околност за велосипедистите е што наесен ќе има реконструкција на владата со нов премиер или премиерка, па може и министерот Шапс да биде поранешен. Некој нов министер можеби поинаку ќе размислува.