Живее во автомобил повеќе од две години за да заштеди! Нејзината исповед е неверојатна! / ФОТО
Никита Крамп има 31 година и секојдневно објавува видеа за животот во автомобил
Пред две години решила да живее на овој начин за да заштеди пари и да избегне долгови, а по 1000 дена спиење во својот автомобил успеала да ги собере парите за да купи комбе.
Во последниве години, живеењето во мобилни домови станува сè попривлечно за милениумците кои претпочитаат номадски начин на живот. Сепак, Никита вели дека животот во Honda е далеку од гламурозен. Крамп се вселила во возилото во ноември 2019 година, откако почнала да има проблеми со плаќањето на кирија од 3.300 долари месечно за соба што ја делела со цимери во Сакраменто, Калифорнија, додека работела на две работни места.
Многумина во последните години останаа без покрив над главата, главно поради високите трошоци за живот. На пример, во јануари 2020 година, околу половина милион Американци се соочиле со бездомништво, според извештајот од 2021 година од страна на Националната алијанса за ставање крај на бездомништвото.
Во случајот на Крамп, вели таа, често морала да прескокнува оброци за да ја плати киријата.
„Почнав да живеам од плата до плата и секој ден бев под стрес поради кредитната картичка или дефицит на тековната сметка“, вели таа.
Така, во ноември 2019 година, Крамп на социјалните мрежи објавила дека го известила сопственикот и дека се вселува во својот автомобил. На почетокот, Крамп вели дека немала многу следбеници, но кога отворила страница на TikTok за време на пандемијата со Ковид-19 и почнала да објавува за пречките со кои се соочува, како на пример каде да се тушира и каде да паркира, нејзината публика почнала да се зголемува.
TikTok профилот на Никита сега има милион следбеници, додека нејзиниот Youtube канал има публика од над 73.500 и содржи подолги блогови, преуредувања и видеа со упатство за употреба. Има и Instagram профил со над 120.000 следбеници. Крамп вели дека од јануари 2021 година, таа почнала да заработува доволно пари за да живее како создавач на содржини со полно работно време. Крамп вели дека генерира приходи од гледање и стриминг на социјалните мрежи. Нејзините списи покажуваат практични начини за справување со предизвиците на животот во автомобил.
На видеата, таа покажува како ја мие косата во бањите кога не може да се тушира во нејзиното вообичаено место, 24-часовната теретана Planet Fitness, користејќи покривки на прозорците за да ги спречи луѓето да гледаат внатре во автомобилот додека е паркиран, користејќи пренослива батерија за напојување на уреди, кој се полнат во текот на денот.
Таа додава дека во зима има залиха на ќебиња за да се загрее и дека во лето обично повеќе време ќе поминува во кафулиња или на отворено. Кога станува збор за заштеда на простор во возилото, Крамп вели за облеката и личните работи користи организатори за багажен простор и категоризирани кутии. Според нејзините збориви, кога се вселувала во автомобилот и неморала да фрли многу нешта поради просторот едноставно затоа што отсекогаш била прилично скромна.
„Справувањето со стигмата за живеење во автомобил беше предизвик“, вели Крамп, бидејќи многумина во коментарите ја прашуваат зошто не останала со семејството и пријателите. Отпрвин, вели таа, би се чувствувала премногу засрамено да каже дека не може да си ја дозволи киријата и честопати начинот на живот кој фго одбрала го ја пренесувала како забавна работа која ја пробува.
„Се однесував како да не се работи за пари“. Дури и со зголемувањето на цените на горивата, Крамп вели дека живеењето во автомобил е сè уште поевтино од изнајмување стан. „Секој треба да заработи доволно пари за да живее нормално. Не треба да си го трошите животот обидувајќи се да преживеете“, вели Крамп и додава дека смета дека здравата храна треба да биде подостапна за луѓето со ниски примања. Без кујна, нејзината исхрана претежно се состои од нерасипливи производи, сендвичи со путер од кикирики и мед, или какви било здрави оброци на брза храна што може да си ги дозволи.
По 1000 дена спиење во својот автомобил успеала да ги собере парите за да купи комбе кое ќе го преуреди во дом. Засега продолжува да живее во својата Honda додека работи на реновирање на комбето. Крамп рече дека повеќе би сакала да живее во подвижен дом отколку да потпише договор за закуп.
„Ме плаши помислата да потпишам договор за закуп или нешто слично“, рече таа и додава: „Малку сум истрауматизирана поради стресот предизвикан од киријата. Влегувањето во автомобил ми донесе толку многу одржливост и радост. Мојот живот целосно се промени“.