Рејтинг на автомобилите според квалитетот на завршна обработка и материјали: Кои модели се најдобри, а кои најлоши?
Сè повеќе автомобилски модели се претвораат во компјутери на тркала, а новата и скапа технологија не доаѓа без компромиси
Големата студија на Германскиот автомобилски клуб (ADAC) во овој случај не се занимавала со дефектите и нивната зачестеност, туку со завршната обработка и квалитетот на материјалите. Сè повеќе автомобилски модели се претвораат во компјутери на тркала, а новата и скапа технологија не доаѓа без компромиси – производителите мора да штедат на друго место, често во материјалите и квалитетот на завршната обработка. Инженерите за тестирање на ADAC за потребите на студијата тестирале 580 различни модели на возила и ги рангирале најдобрите и најлошите автомобили во четири различни класи.
Мали и микро автомобили
Лим наместо ткаенина во внатрешноста, кровна облога со евтин изглед: инженерите на ADAC забележале притисок на цената кај евтините мали автомобили како на пример Toyota Aygo. Значително поскапите модели, како што се BMW i3 и Honda e, оставаат значително поквалитетен впечаток.
ТОП 5 (најдобри) мали и микро автомобили | |
BMW i3 | 2.1 |
Mini Cooper (5 врати) | 2.2 |
Honda e | 2.5 |
Škoda Kamiq | 2.6 |
Volkswagen Polo | 2.6 |
ТОП 5 (најлоши) мали и микро автомобили | |
Toyota Aygo | 4.4 |
SsangYong Tivoli | 4.2 |
Hyundai Bayon | 4.2 |
VW up | 4.0 |
Hyundai i10 | 4.0 |
Ниска средна класа
ADAC утврдил дека полоши се моделите развиени за американскиот пазар. Победници повторно се автомобили од европските премиум марки (и Mazda).
ТОП 5 (најдобри) ниска средна класа | |
Volvo XC40 | 1.7 |
BMW Серија 1 | 2.0 |
Audi Q3 | 2.0 |
Mazda CX-5 | 2.1 |
Mercedes EQA | 2.1 |
ТОП 5 (најлоши) ниска средна класа | |
MG ZS EV | 3.7 |
SsangYong Korando | 3.7 |
Jeep Compass | 3.7 |
Dacia Duster | 3.6 |
Nissan Leaf | 3.4 |
Средна класа
Слични брендови доминираат во рангирањето во средната класа. Меѓу губитниците се издвојуваат доверливи производители како Honda или Toyota. Добро познатиот флуктуирачки квалитет на обработка е фатален за Tesla Model 3. Тестерите биле разочарани и од новата C-класа на Mercedes, чиј квалитет на материјалот (оцена 2,8) бил понизок од оној на неговиот претходник (1,25). Она што е добро во C-класата е добрата завршна обработка.
ТОП 5 (најдобри) средна класа | |
Audi A4/A5 | 1.2 |
BMW Серија 3/4 | 1.3 |
Porsche Macan | 1.3 |
Mercedes EQC/GLC | 1.4 |
Volvo V60 | 1.4 |
ТОП 5 (најлоши) средна класа | |
Honda CR-V | 3.0 |
Tesla Model 3 | 2.8 |
Subaru Outback/Forester | 2.7 |
Toyota RAV4/Suzuki Across | 2.7 |
Mitsubishi Outlander | 2.7 |
Висока класа
Инженерите на ADAC истакнуваат дека високата цена не е нужно гаранција за висок квалитет. Toyota и во оваа класа повторно има изненадувачки слаби перформанси. Mercedes, пак, овде блеска подеднакво со Porsche и BMW.
ТОП 5 (најдобри) висока класа | |
Porsche Panamera/Taycan | 1.0 |
BMW Серија 5/7 | 1.1 |
Mercedes E klasa | 1.1 |
Audi Q7 | 1.1 |
Volvo XC90 | 1.1 |
ТОП 5 (најлоши) висока класа | |
Toyota Highlander | 3.1 |
Volkswagen T6.1 | 3.1 |
Ford Mustang | 3.0 |
Chevy Camaro | 2.8 |
Toyota Camry | 2.6 |