Воздухот влегува преку решетка на предниот дел од возилото, која минува низ филтер кој ги одвојува и складира штетните гасови

Сообраќајот на патиштата придонесува со околу 16 проценти од глобалниот јаглерод диоксид – но што ако нашите автомобили навистина почнат да ги фаќаат тие емисии? Токму од таа причина, студенти по инженерство го претставија својот дизајн за првиот „CO2 неутрален автомобил“ во светот, кој го отстранува и складира јаглеродниот диоксид од воздухот додека се вози на пат.

Воздухот влегува преку решетка на предната страна од возилото, минува низ филтер кој ги одвојува и складира штетните гасови. Електричното возило, познато како „Zеm“, е дизајнирано од тимот на TU/ecomotive од Технолошкиот универзитет во Ајндховен во Холандија. Нивниот прототип има и соларни панели на покривот и хаубата.

„Го чистиме воздухот додека возиме и сакаме да станеме целосно CO2 неутрални“, вели лидерот на тимот Луиз де Лаат. „Сè уште се е концепт, но веќе можеме да видиме дека ќе можеме да го зголемиме капацитетот на филтерот во наредните години. „Фаќањето“ на CO2 е предуслов за компензирање на емисиите за време на производството и рециклирањето“.

Филтерот на Zem го достигнува капацитетот по околу 322 km, кога собира околу 30 g гас јаглерод моноксид. Филтрите може да се чистат или менуваат, а заробениот јаглерод диоксид може да се испразни додека електричниот автомобил се полни. Иако не е јасно што ќе се случи со гасот откако ќе се собере од филтерот, претходните проекти го користеле CO2 за производство на градежни материјали и сода бикарбона или го складирале под земја.

Тимот тврди дека до два килограми јаглерод диоксид може да се отстранат на секои 20.570 километри кои автомобилот ги преоѓа годишно користејќи ја неговата „технологија за директно фаќање воздух“. Ако технологијата треба да се примени на милиони автомобили на светските патишта, тогаш таа има потенцијал да даде вистински придонес во намалувањето на стакленички гасови.

Студентите по инженерство, кои претходно имаат изградено автомобили направени од рециклиран пластичен отпад, овој автомобил го дизајнирале така што кога ќе дојде до крајот на својот животен век поголемиот дел од него може да се рециклира. Неговата внатрешност е исто така направена од одржливи материјали како што се кожа од ананас и рециклирана пластика, а прозорците се направени од поликарбонат.