ММФ најави можност за светска рецесија, цената на нафтата веднаш падна!
Во уште поопасно сценарио, Русија би можела целосно да го запре протокот на гас во Европа до крајот на годината
По благиот пораст, цената на нафтата повторно оди надолу, а причините не треба никого претерано да го радуваат. Имено, Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека високата инфлација и руско-украинската војна може да ја испратат глобалната економија на работ на рецесија.
ММФ ги намали прогнозите за раст на глобалниот БДП за оваа година, на 3,2%. Новата проценка е пониска од прогнозата од 3,6 отсто изнесена во април. Поради ова, најважните индекси Brent и WTI паднаа на нешто повеќе од 104 долари и 95 долари за барел, а се чини дека уште некое време ќе останат на тоа ниво, односно дека не треба да има драматичен раст.
Во уште поопасно сценарио, Русија би можела целосно да го прекине протокот на гас во Европа до крајот на годината, заедно со уште 30 отсто пад на извозот на нафта, што уште повеќе ќе го забави растот на БДП – 2,6 отсто оваа година и 2 отсто следната година.
Што се однесува до инфлацијата во развиените економии за 2022 година, ММФ предвидува дека ќе достигне 6,6% – повисока од 5,7%, бројка која беше изнесена во месец април.