Летно освежување со „Сладолед од Porsche“
Porsche, во соработка со Pretty Cool Ice Cream од Чикаго, создаде ограничено издание на сладолед, чии вкусови се во чест на сегашните и некогашните бои на овој бренд.
Оваа соработка, која го слави и Националниот ден на сладоледот (17 јули), започнала како проект за избор на бои чии имиња би можеле да поминат како имиња на сладолед. Изборот го минале Mint Green, Strawberry Red, Macadamia Metallic, Frozen Berry Metallic и Lime Gold, додека Chalk, Lizard Green, Black Olive и Petrol Blue Metallic не поминале.
Секој сладолед е спакуван во обвивка што покажува како бојата по која е именуван сладоледот изгледа на автомобилот и дава основни детали како годината кога е претставена, моделот кој ја инаугурирал и кодот за боја.
Секое парче сладолед тежи 3,8 унци (околу 110 грама), веројатно во чест на 3,8-литарскиот 6-цилиндерски мотор во некои 911-ки.