Не било само шпекулација: Apple потврди F1 филм со Бред Пит
Во сеуште ненасловениот проект е вклучен и седумкратниот шампион во F1, Луис Хамилтон
И покрај најдобрите напори на Холивуд, Formula 1 досега никогаш не успеала да ги освои Американците преку големиот екран. Се до серијалот „F1: Drive to Survive“ на Netflix кој ја доби таа битка.
Сега кога популарноста на F1 едноставно експлодира во САД по трката за ГН на Мајами и најавата за ГП во Лас Вегас, Холивуд е подготвен да ја искористи новостекнатата слава на тркачката серија, што наводно ќе го направи со помош на Бред Пит и Apple Studios.
Филмот би можел да биде многу интересен и поради фактот што во целата приказна би можел да се вклучи седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон, како и речиси целиот тим кој стои зад филмот „Top Gun: Maverick“.
? Apple has purchased the rights to a Formula 1 film with expected budget of $140million.
The film is set to star Brad Pitt and be directed by Top Gun’s Joseph Kosinski. Producers on the project: Jerry Bruckheimer and Sir Lewis Hamilton. pic.twitter.com/WphhgdHsNj
— Vincenzo Landino (@vincenzolandino) June 7, 2022
Филмскиот проект, кој се уште не е насловен, според Deadline Hollywood, го презел Apple Studios, кое наводно победило неколку други големи студија и стриминг сервиси – Amazon, MGM, Netflix, Paramount, Sony и Universal.
Наводно, во филмот главната улога ќе ја има Бред Пит, но не како протагонист на приказна за историјата на Ф1 како Rush од 2013 година, туку како возач ветеран во Formula 1 кој се враќа од пензија за да биде ментор на млад возач кој штотуку влегува во светот на Formula 1. Во таа смисла, заплетот звучи како враќањето на Михаел Шумахер во F1 трките за да му помогне на младиот Нико Розберг.
Без разлика на претпоставката, се чини дека приказната ќе биде одлична, бидејќи сценариото наводно го напишал Ерен Кругер, еден од писателите на Топ Ган: Маверик.
Но, тоа не се сите големи играчи: наводно во проектот ќе бидат вклучени режисерот Џозеф Косински и продуцентите Џери Брукхајмер и Чад Оман. Треба да биде вклучена и продукциската куќа Plan B Entertainment на Бред Пит.
Филмот би требало да има буџет од околу 130 до 140 милиони долари, што е три пати повеќе од вкупниот буџет за „Rush“ од 2013 година и над 30 милиони долари повеќе од цифрата потрошена за „Ford vs Ferrari“.