Според истражувањата, моделите на луксузните брендови најбрзо ја губат вредноста.

Старо правило е дека автомобилот губи 20 отсто (ако не и 30) од цената веднаш по излегувањето од автосалон. А вистината не е далеку, иако можеби тоа неможе да се каже и за денес кога на своите нови автомобили клиентите често чекаат и повеќе од една година, но номинално, автомобилите брзо губат на цена.

 

Сепак, иако вредноста на секое возило опаѓа со текот на времето, некои марки губат на вредност повеќе од другите. За да утврдат кои марки на автомобили губат најмногу од вредноста, експертите за автомобилската индустрија од платформата carVertical спровеле студија со која се анализирани повеќе од 72 милиони податоци релевантни за периодот од 2019 до 2022 година во Европа, САД и Австралија.

Ова се заклучоците…

Porsche губи најмалку на вредност

Кога најниската пазарна вредност на автомобилот ќе се одземе од неговата почетна цена, резултатите покажуваат дека Porsche (-64,4%), Jeep (-84,4%) и MINI (-85,5%) губат најмалку на вредност со текот на годините. На пример, во истиот период Porsche ќе загуби 64,4%, а Lexus дури 89,9% од вредноста.

 „Иако Porsche произведува спортски автомобили, неговите модели се доволно практични за секојдневно возење. 911 е веројатно еден од најлегендарните автомобили во историјата на автомобилската индустрија и има многу обожаватели. Не е ни чудо што побарувачката за овој автомобил е поголема од понудата. Автомобилите на Porsche се сигурни, издржливи и имаат посебен изглед кој привлекува клиенти“, објаснува Матас Бузелис, експерт од платформата carVertical.

Hyundai и Toyota се меѓу возилата кои добро котираат во конкуренција на марки од големи серии, а во горниот дом влегуваат Jaguar и Land Rover спротивно на очекувањата.

Audi и Seat на самото дно

Многу марки на луксузни автомобили губат повеќе на вредност отколку попристапните брендови. Покрај Chrysler како рекордер по загуба на вредност, тука се и Audi и Seat. На пример, новото Audi ќе изгуби 96,2% од вредноста со текот на времето (во просек за 24 години). Интересно е што околу половина од марките на дното на оваа табела за загуба на вредност се производители на луксузни автомобили.

За споредба, автомобилите на Toyota ги достигнуваат своите најниски вредности на 19 години, а BMW на 21 година. Сепак, возилата на Toyota губат околу 88,7% од вредноста, а на BMW 93,8%. Кои фактори ги предизвикуваат овие разлики?

„Лицето кое бара користен автомобил им дава приоритет на цената и трошоците за одржување пред сите останати „непотребни“ карактеристики. Затоа користената Toyota е попривлечна за многу клиенти отколку BMW“, вели М. Бузелис.

Кога автомобилите ја достигнуваат најниската вредност?

Просечната возраст на која возилата имаат најголема загуба во вредност е 20-23 години.

Porsche и Mini имаат најниска цена кога ќе наполнат 15 години. После тоа, нивната вредност повторно почнува да расте. Добро сочуваните модели можат да бидат исплатлива инвестиција. Isuzu, Suzuki, Kia и Dacia се на спротивната страна од спектарот – најниската вредност ја достигнуваат само кога имаат 30 години.

Има многу примери кои покажуваат дека некогаш готовите конфекциски автомобили, а денес олдтајмери ​​постигнуваат високи цени. BMW E30 попознат како „коцкица“ е само еден од автомобилите кои станале одлична инвестиција. Истото важи и за другите стари премиум модели, но со предуслов сервисна книшка и совршена состојба на автомобилот.