Kонечно го здогледа светлото на денот: Ова е Mercedes-AMG One, хибриден „ѕвер“ од 1.063 КС / ФОТО+ВИДЕО
Сега кога автомобилот е официјално претставен, познати се и официјалните бројки: Mercedes-AMG One достигнува 100 km/h од место за 2,9 секунди
Конечно заврши чекањето кое трае од 2017 година! Најавен неколку пати, но досега невиден во сериско издание, Германците конечно и официјално го претставија.
Под каросеријата чука срцето на W07 Hybrid од F1 едноседот управуван од Луис Хамилтон од Светскиот шампионат во 2016 година. Комбинацијата на 1.6-литарски V6 мотор со 4 електромотори (еден за менувачот, 2 за задната оска и еден за турбото) испорачуваат вкупно 1.063 КС, а Луис Хамилтон директно учествуваше во развојот.
Каросеријата видена во 2017 година останала речиси непроменета до ден-денес, а она што се променило е погонската единица, по бројните главоболки на техничарите од Афалтербах.
Комплексноста на возењето барала намалување на бројот на вртежи на моторот од околу 18.000 / мин како во F1 на 11.000 / мин во патната верзија на Mercedes-AMG One, за да се продолжи неговата издржливост и во исто време да се овозможи употреба на нормален бензин.
Комплексноста на машината е директно одговорна за толку многу одложувања: на пример, системот MGU-H (Motor Generator Unit Heat) е исклучително сложен, лоциран помеѓу турбината и компресорот и може да ја врати кинетичката енергија на турбината и да ја „конвертира го во електрична енергија, а потоа и да ја складира во батеријата која потоа ја враќа во текот на забрзувањето за работа со турбината елиминирајќи ја „турбо дупката“.
Ова се официјалните бројки: Mercedes-AMG One достигнува 100 km/h за 2,9 секунди, до 200 km/h стигнува за 7, а до 300 km/h за 15,6 секунди. Максималната брзина е 352 km/h. Одлични бројки, но сепак не ја рангираат германската ракета во топ 10 најбрзи, но инженерите забележуваат дека тоа не била целта туку возни карактеристики и на пат и уште повеќе на патеката.
Од друга страна, овој автомобил може да помине до 18 километри исклучиво на електрична енергија без да испушта штетни гасови благодарение на литиум-јонската батерија од 8,4 kWh. Дополнително, на возачот му се достапни дури 6 различни поставки за возење. Во стандардниот режим, предност имаат електричните мотори, а V6 се активира само ако е потребна поголема моќност.
Режимот EV обезбедува само стартување на електричниот мотор, додека режимот Race е хибриден режим на возење со посебна синергија на полнење – моторот со внатрешно согорување секогаш работи и може повеќе да ја полни батеријата со висок напон – така што полна батерија е секогаш достапна.
Режимот Race Plus ја активира активната аеродинамика, ја намалува суспензијата за 37 mm напред и 30 mm назад, што ја прави суспензијата поцврста, а тука е и Individual програмата според желбите на возачот.
Сопирачките се карбон-керамички со фиксирани клешти со 6 клипови и 398×38 mm вентилирани и перфорирани сопирачки дискови напред, додека одзади има фиксирани клешти со четири клипа и перфорирани 380×34 mm вентилирани дискови на сопирачките. Ултра лесните бандажи со централна навртка се облечени во Michelin Pilot Sport Cup 2 M01 285/35 ZR 19 напред и 20″ со 335/30 ZR 20 назад. Со јаглероден монокок како основа и каросерија со бројни аеродинамични додатоци, Mercedes-AMG One е способен да генерира потисок уште при 50 km/h.
Предниот дел се карактеризира со импресивен долен разделник и големи доводи за воздух кои се протегаат по целата ширина на автомобилот, врамени со дефлектори во форма на буквата U, секој со две црни вкрстени лопатки. Црните отвори за воздух на предниот капак го одбиваат протокот на топол воздух кон страните на патничкиот простор, овозможувајќи ладниот воздух да „патува“ до доводот за воздух на покривот, поништувајќи ги вкрстените текови и подобрувајќи ја стабилноста во свиоци.
Потоа, тука е активниот заден спојлер составен од два дела, како и активниот и аеродинамичниот дел, кој може да се прилагоди на 3 различни начини: пат, писта (чија употреба е дозволена само на патеката) и Race DRS (Drag Reduction System), се активираат со копче.
Внатре, хиперавтомобилот Mercedes-AMG има се што ви треба за оние кои сакаат да дишат во атмосферата на вистински тркачки автомобил, како и за оние кои сакаат и удобност. Ултра удобните седишта, воланот (јасно инспириран од трките) и прилагодливите педали, дигиталните инструменти, централниот инфозабавен монитор, климатизацијата и електричните прозорци се стандардна опрема.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1v6OIe3pfBb1OJm_GL60VQxaIYTOjaxIH” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Претставувањето пред јавноста се очекува на фестивалот на брзината во Гудвуд, по што ќе следуваат испораки на планираните и целосно продадени 275 примероци.