Porsche слави 50. години 911 Carrera RS, една од највозбудливите 911-ки на сите времиња
Зборот Carrera на шпански значи „трка“, додека RS на задниот дел од возилото значело „Rennsport“, што на германски значи „тркачки спорт“. Денес, култното Porsche 911, претставено во 1972 година, полни 50 години
За да 2.7 RS секогаш да биде насочен во вистинската насока, влечната сила требало да се подобри во однос на тесната каросерија на претходните модели. Токму поради тоа, задниот дел е проширен, а вградени се и пошироки бандажи. „Шеќер на крајот“ е таканаречениот „ducktail“ спојлер кој ја подобрил аеродинамиката и го турка задниот дел посилно на асфалтот.
Внатрешноста на спортскиот автомобил била соголена максимално, вклучувајќи ги задните седишта, теписите, потпирачите за раце и слично. Седиштата исто така се заменети со лесни спортски седишта, а дури и Porsche грбот на хаубата е само налепница наместо обоена ознака.
Со потенка лимена каросерија, прозорци и пластика, автомобилот тежел само 960 килограми или 115 килограми помалку од стандардниот 911.
Во основата на моделот е 2.7-литарски боксер со 210 КС и шест цилиндри, со вбризгување на горивото и блок од магнезиум за намалување на тежината.
Оваа комбинација на лесно и моќно значела дека RS бил најбрзиот германски сериски автомобил во своето време со време на забрзување од 0-100 km/h за само 5,8 секунди во спортска форма и максимална брзина од повеќе од 245 km/h.
Специјалниот 911 бил дизајниран и хомологиран како тркачки автомобил кој сепак може да се вози и до канцеларија.
Од моделот се произведени вкупно 1.580 единици, а по првите 1000, 911 Carrera RS 2.7 е хомологиран за класите Група 3 и Група 4. Направени биле 17 стандардни и 200 полесни „Sport“ верзии, проследени со 55 тркачки верзии и 1308 туринг верзии (М472).
Специјалната изложба посветена на 50-годишнината на Carrera 2.7 RS ќе биде поставена во Музејот на производителот во Штутгарт и ќе трае до 20 септември 2022 година.