Новиот редизајн го прави Android Auto попаметен и покорисен

Динамичниот изглед автоматски ќе се приспособи за да обезбеди најдобро искуство врз основа на големината на инфозабавниот екран на возилото, кој со текот на времето стануваат се поголеми.

Мултимедијата и нејзината способност за поврзување со паметни телефони се незаменлив дел од автомобилската опрема веќе некое време. Покрај Mirror Screen, опциите за пресликување на екранот на мобилниот телефон, две подобри опции понудија Apple со својот CarPlay и Google со Android Auto. Вториот измина долг пат откако првпат беше воведен во 2014 година; преку повеќекратни итерации на дизајнот и сега се наоѓа на глобално ниво на повеќе од 150 милиони автомобили.

За да бидат во тек со времето, инфозабавните системи на модерните возила пораснаа во големина, при што некои имаат ултра широк екран, додека други имаат екран во стил на портрет или екрани со ширина на предната арматура како Mercedes EQS. Сепак, сегашниот кориснички интерфејс Android Auto не ги искористи целосно овие различни големини бидејќи никогаш не бил ни дизајниран за толку различни екрани.

За да го реши ова, Google го редизајнираше Android Auto со нов скалабилен распоред на поделен екран за автомобилите од поновата генерација за подобро да одговара на екраните со различни големини и сооднос. Еве што можете да очекувате; Прво и основно, во зависност од големината и обликот на екранот за инфозабава во вашиот автомобил, Android Auto автоматски ќе ги приспособи пропорциите за да го прикаже интерфејсот со целосна големина за стартување апликации, известувања и Google асистентот.

Ако вашето возило има ултра широк екран, овие опции ќе се појават лево, а ако инфозабавниот систем користи вертикален екран, приказот ќе биде на дното. Дополнително, новиот дизајн ќе гарантира дека нема да морате да се враќате на почетниот екран на Android Auto секогаш кога ќе треба да пристапите до стартерот на апликации.

Главниот кориснички интерфејс се состои од три дела. Првите два се контроли за навигација и медиуми, а последниот динамично се менува за да прикажува контекстуално релевантни информации како што се новите дојдовни пораки, часовникот и друго. Дури и станува попаметен и добива подлабока интеграција на Google Assistant. Кога ќе го започнете патувањето, можете лесно да ја споделите информацијата за времето на пристигнување со пријателите, можете да користите брзи одговори на пораките со само еден допир…

Покрај другото, ќе можете да ги повикате вашите омилени контакти само со еден допир, без да го користите гласот. Има ново копче (музичка нота) на контролната лента што отвора мал „скокачки“ прозорец. Прикажува избрани медиуми што може да ве интересираат, обезбедувајќи побрз пристап до музика или подкасти.

Овие промени ќе пристигнат летово и ќе бидат достапни на сите нови и стари возила, се додека поддржуваат Android Auto.