Најсериозниот ривал на Tesla доаѓа во Европа, со почетна цена од 218.000 евра
Lucid Air, технолошки напреден електричен автомобил, но и еден од најубавите седани, наскоро ќе се најде на европскиот пазар
Од Lucid потврдуваат дека компанијата се проширува на Стариот континент и дека премиерата на брендот на европскиот пазар ќе го одбележи моделот Air Dream Edition, и тоа со двете едиции – Range и Performance.
Најдобар показател за каков автомобил станува збор е дека европската верзија ќе може да достигне 100 km/h за 2,7 секунди, додека досегот според WLTP е дури 900 km. Да ја споменеме и мрежата од 924 волти, која во превод овозможува екстремно високи моќи на полнење.
Познати се и цените. Во Германија моделот започнува од 218.000 евра, во Холандија е поскап за 4.000 евра, додека најприфатлив е во Норвешка каде чини 1.850.000 NOK или околу 180.000 евра. Првите испораки ќе започнат до крајот на годинава.
Да ги споменеме и значително поевтините изведби Pure, Touring и Grand Touring, кои ќе пристигнат подоцна, а ќе имаат половина цена од споменатиот Dream Edition.