Измама на клиентите: Британците забранија емитување реклами за Defender кој доаѓа до работ на карпа! / ВИДЕО
Утврдено е дека овој оглас го прекршува Кодексот, а се се сведува на тоа што Defender-ите се паркираат во близина на бездна …
Експертите за маркетинг се обидуваат да бидат имагинативни и иновативни кога станува збор за рекламирање, а што е подобро да се рекламира кога станува збор за Jaguar Land Rover отколку да се нагласат теренските способности на овие возила. На почетокот на годинава, Jaguar Land Rover ја прикажа новата реклама за Defender, наречена Above and Beyond Land, придружена со слоганот „каде и да си“. Но, британското тело што ги разгледува жалбите на гледачите, АЅА, ја забрани рекламата.
АЅА е таа што одлучува дали рекламите се погрешни или на друг начин го прекршуваат Кодексот за британско телевизиско рекламирање. Утврдено е дека овој оглас го прекршува Кодексот, аа се се сведува на тоа што Defender-ите се паркираат во близина на бездна …. Камерата зумира на еден Defender додека паркира, и ја нагласува употребата на паркинг сензори, со порака дека тоа е систем кој спречува превртување на возилото.
И покрај употребата на измислени елементи како семафор среде никаде или сообраќаен полицаец кој стои меѓу дини, токму овој дел од рекламата ги вознемирил гледачите доволно за да се пожалат на АСА. Имало само двајца, но АѕА била принудена да ги анализира сите поплаки и очигледно е во право: сензорот за паркирање предупредува на пречки, а не на празен простор, како што е прикажано на видеото.
Заклучокот на ASA е дека рекламата е погрешна, а поради слоганот „каде и да сте“, клиентите можеа да сфатат дека можат да се потпрат на паркинг сензорите за да се упатат во простор што би претставувал сериозна опасност.
Како одговор, од JLR велат дека сензорот се појавил во рекламата бидејќи открил камени пречки на земјата, но аргументот не успеал да ја убеди ASA. Одлуката е потврдена и рекламата никогаш нема да се емитува во Обединетото кралство во оваа форма.