По повеќегодишна пауза, независниот производител на спортски автомобили Wiesmann се враќа во голем стил со претставувањето на електричен ретро кабриолет наречен Project Thunderball

Автомобилите на Wiesmann се познати по моторите на BMW, но тоа не е случај сега бидејќи нема мотор со внатрешно согорување поради фактот што родстерот е целосно електрично возило.

Интересно е и тоа што два електромотори не значат секогаш погон на сите тркала, а тоа е така затоа што и двата ги придвижуваат задните тркала. Ова не е првиот електричен кабриолет со погон на задните тркала бидејќи првиот Tesla Roadster имаше исто така погон на задните тркала.

Project Thunderball го следи дизајнот на неговите претходници и британското влијание е очигледно. Предната решетка во облик на јајце е инспирирана од MF5 V10 Roadster, а двојните тркалезни фарови се наследени. Хаубата со шарки е исто така потсетник на минатото, додека ретро дизајнот на ентериерот се одликува со модерна технологија како што се голем екран на допир и длабоки карбонски седишта.

Wiesmann ветува некои „сочни бројки“ за Project Thunderball, чии два електромотори испорачуваат 500 kW / 680 КС и 1.100 Nm вртежен момент. За забрзување од 0 до 100 km/h на овој кабриолет му се потребни 2,9 секунди, а автомобилот тежи околу 1.700 килограми. Електричните мотори се напојуваат од батерија од 83 kWh која поддржува полнење од 300 kW. Со целосно наполнета батерија, Project Thunderball ќе помине 500 километри, барем според фабричките податоци. Електричниот автомобил има и пет нивоа на регенеративно сопирање, а компанијата ветува дека ќе биде „највозбудливиот електричен спортски автомобил во светот“.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1ITqSBUXwSUoAfnKeVjDqy5gbSoKb0Z9D” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Производството на серијата која нема да надмине 1.000 примероци ќе се одвива во погонот Геко во Дулмен, Германија, а цената за примерок е 300.000 евра.