Изненадувачки податоци: Дали дизелската Škoda Octavia во севкупниот циклус е „почиста“ од електричните автомобили?!
Кој било голем електричен SUV, кој тежи скоро 2,5 тони троши огромна енергија
Euro NCAP e независна организација која ја оценува безбедноста на автомобилите, а сестринскиот Green NCAP пак се занимава со емисиите на автомобилите и нивното влијание врз климата.
Токму Green NCAP го спроведува најсериозниот Life Cycle Assessment (LCA) или проценка на вкупните емисии во текот на животниот век на автомобилот врз основа на 240.000 километри или 16 години возење.
Green NCAP ја надградил уште еднаш оваа анализа со Primary Energy Demand (PED), која ја пресметува потрошувачката на енергија во текот на целиот циклус на автомобилот, од производство, употреба до рециклирање.
Какви се заклучоците од комбинирањето на овие два параметри? Иако компактните и средно големите електрични автомобили имаат пониски емисии на стакленички гасови од конвенционалните автомобили со погон на бензин и дизел – во контекст на европскиот просечен микс на електрична енергија – големите и моќни електрични автомобили можат да бидат во ист опсег како повеќето дизели или бензинци.
Како пример може да се земе било кој голем електричен SUV, кој тежи скоро 2,5 тони. Неговата потрошувачка на енергија е огромна. Така, на пример, електричниот Ford Mustang има многу повеќе емисии на CO2 во вкупниот циклус (од производство до рециклирање) од Peugeot 208 1.5 Blue HDI.
Електричниот Fiat 500 има најмал отпечаток на CO2 од сите автомобили, но, да речеме, Škoda Octavia TDI има најмал PED отпечаток од сите автомобили. Кога би живееле во идеализирана слика на светот, би користеле мали електрични автомобили за јавен превоз, а наместо големи теренци (дизел и електрични) би користеле мали теренци, градски автомобили и лимузини од средна класа опремени со дизел мотори или хибридни погони. Ова ќе заштеди најмногу CO2. Се разбира, додека европскиот енергетски микс не се промени во корист на чистите извори на енергија. Тогаш електричните автомобили ќе имаат значителна предност.