Rimac Nevera – тестирање во најекстремни услови / ВИДЕО
Тимот на Rimac во месец март завршил две интензивни недели зимско тестирање со Сотозеро, тест центарот на Pirelli во близина на Арктичкиот круг во Шведска
Со невообичаено топли дневни температури, тимот на Rimac тестирал ноќе кога температурите биле најекстремни, пред да ги испорача првите сериски автомобили.
По неколку години симулации и тестирања на патеки, и во тест центри низ Европа, целосно електричниот Rimac Nevera со 1.914 КС веќе ги помина хомологациските краш тестови за САД и ЕУ, сериското производство е во тек, а испораката до клиентите ќе започне во следните неколку месеци. Сепак, со цел да се осигура дека секој систем за управување работи совршено во сите услови, тимот на Rimac отишол во Шведска за да ги потврди претходно постигнатите резултати на патиштата, на патеките и во климатските комори.
Оваа средина била идеална можност да се тестира Nevera на препорачаните зимски гуми – Pirelli P Zero Winter. Пневматикот се карактеризира со посебна ознака, што сведочи за заедничкиот развој кој Pirelli го изведе во партнерство со Rimac. Стандардните „летни“ гуми на Nevera се Michelin Pilot Sport 4S.
„За нас, овој процес на тестирање во екстремни услови беше можност да ја усовршиме Nevera, осигурувајќи се дека е совршена пред првите испораки до сопствениците. Дури и по две недели поминати на температури од околу -15°C и прилично тежок режим на тестирање, нашиот прототип задоволи со постигнување 100% од очекуваните резултати, така што знаеме дека сите наши системи можат да работат сигурно дури и во екстремни услови“, вели Мате Римац.