Според Greenpeace дополнителниот приход на нафтената индустрија во Европската унија изнесува во просек 107 милиони евра дневно

Студијата нарачана од компанијата EnergyComment, а на барање на еколошката организација Greenpeace јасно дефинира колку европската нафтена индустрија заработила дополнителни пари по руската инвазија на Украина. Со продажба на дизел и бензин во Европа, корпорациите оствариле дополнителен приход од најмалку 3 милијарди евра.

Според Greenpeace дополнителниот приход на нафтената индустрија во Европската унија изнесува во просек 107 милиони евра дневно – 94 милиони евра од продажба на дизел и 13 милиони евра од продажба на бензин.

Анализата на компанијата за истражување и консултантски услуги EnergyComment со седиште во Хамбург се фокусира на зголемените маржи на патот од првата точка, меѓународните цени на суровата нафта, до европските цени на горивата на бензинските пумпи без даноци и такси. Интересно, цените на бензинските пумпи растеле многу побрзо од цената на суровата нафта. Помеѓу јануари и март, цената на суровата нафта пораснала за само околу 19 центи за литар. Истовремено, значително е поголем растот на цената на дизелот од рафинериите (околу 30 липи за литар) и на дизелот на бензинска станица (околу 37 липи за литар). Сличен, иако послаб тренд може да се забележи и кај бензинот. 

Високите маржи јасно покажуваат како нафтената индустрија ја искористи кризата. Цените се зголемиле долж синџирот на снабдување додека нејзината просечна база на трошоци едвај да се променила.

На крајот, ваквите потези резултираат со зголемена инфлација, пораст на цените во сите сегменти…