Уште една последица од пандемијата и војната: Драстично растат цените на летните гуми!
Новата генерација на летни гуми во просек веќе е зголемена за десет отсто во однос на минатата година, а пред сезоната на масовно купување на летни гуми во април се најавува уште едно поскапување
Влијанието на пандемијата на коронавирус и војната во Украина ќе го почувствуваат сите потрошувачи, вклучително и возачите. Резервните делови поскапеа, а сега има најави за големо поскапување и на гумите за моторните возила.
Новата генерација на летни гуми во просек веќе е зголемена за десет отсто во однос на минатата година, а пред сезоната на масовно купување на летни гуми во април се најавува уште едно поскапување. Гумите би можеле да бидат меѓу 15 и 20 отсто поскапи споредено со минатата сезона.
Причините за поскапувањето се многубројни. Освен поскапувањето на суровините како последица на пандемијата со коронавирус, зголемени се и трошоците за енергија и транспорт. Пораснаа и цените на каучукот, а саѓите (јаглеродниот прав) потребен за производство на гуми главно доаѓаат од Русија (околу една третина), што може да биде нов извор на проблеми или зголемување на цените.
Исто така, фабриките кои произведуваа гуми за северниот дел на Европа се стационирани во Русија и тие се во мирување поради санкциите. Затоа, производството се пренасочува кон фабриките кои ја снабдуваа Централна и Јужна Европа, а капацитетот е ограничен, па под знак прашалник е што ќе се случи со снабдувањето…