Европска премиера за хибридниот Honda Civic e:HEV / ФОТО+ВИДЕО
Погонот е обезбеден со комбинација на новоразвиени 2-литарски мотор со 4-цилиндри и дует електрични мотори со вкупна моќност од 184 КС и 315 Nm.
Honda ја претстави новата генерација на моделот Civic за европскиот пазар. Станува збор за автомобил од 11-та генерација кој во изминатите 50 години е продаден во повеќе од 27 милиони примероци. Главни конкуренти на пазарот ќе му бидат Volkswagen Golf, Peugeot 308 и Ford Focus.
Како што може да се види на фотографиите, европскиот Civic визуелно е речиси идентичен со американскиот. Го краси елегантна и спортска силуета, што е постигнато со спуштање на линијата на хаубата за 25 mm во однос на претходната генерација.
„Американска“ е и кабина која доаѓа со сериски 9-инчен мултимедијален екран на допир и 10,2-инчна дигитална инструмент табла.
Особеноста на европската верзија е што ќе биде достапна единствено во хибридна верзија. Како и моделите Jazz, CR-V и HR-V, Civic ќе ја носи ознаката e: HEV.
Погонскиот систем e:HEV на Civic се разликува од оној во помалите Jazz и HR-V, бидејќи е поблизок до оној од CR-V. Се состои од 2.0-литарски 4-цилиндерски мотор кој работи во циклусот Аткинсон, двојни електрични мотори поставени напред и полесна литиум-јонска батерија со зголемена густина поставена под задните седишта. Бензинскиот мотор е контролиран од нова единица за контрола на моќноста што резултира со топлинска ефикасност од 41%. Погонската група автоматски се префрла помеѓу режимите EV, Hybrid и Engine Drive без интервенција од возачот, кој има пристап до режимите Eco, Normal, Sport и Individual.
Комбинираната моќност е 184 КС (135 kW) и 315 Nm вртежен момент, испратен до предните тркала. Емисиите на CO2 се помали од 110 g/km, а според фабричките податоци просечната потрошувачка е пет литри на 100 km.
Новиот Civic во европските салони пристигнува наесен.