Легендарниот суперавтомобил исчезна од европскиот пазар

Според странските стручни медиуми, јапонската марка повеќе не прифаќа нарачки за GT-R во поголемиот дел од Европа (со исклучок на Германија и Белгија). Многу е веројатно дека моделите се на залиха во тие две земји и тоа е единствената причина поради која автомобилот се уште е достапен.

Со ова се става крај на кариерата на славниот Годзила. Nissan GT-R пристигна на пазарот во 2007 година и служеше како предводник на Nissan цели петнаесет години, што е невообичаено долга кариера за секое возило на четири тркала во модерната автомобилска индустрија. Јапонскиот бренд примени неколку освежувања во текот на циклусот на овој модел, а имаше и голем број специјални изданија.

Интересно е што GT-R сè уште опстојува на американскиот пазар, каде што е исто така многу поевтин отколку во Европа. На пример, суперавтомобилот на Nissan имаше почетна цена од 180.000 евра во Холандија, додека верзијата Nismo чинеа 330.000 евра. Од другата страна на Атлантикот, GT-R започнува од 113.500 долари, што е околу 103.300 долари по денешниот курс!

Останува мистерија дали ќе има нови генерации на ова возило или пак Nissan целосно ќе се повлече од суперспортскиот сегмент на четири тркала. Минатата година во Јапонија се појавија информации дека GT-R сепак ќе доживее нова итерација… Според извештаите од јапонските професионални медиуми, Nissan не планира револуција за следниот GT-R R36, туку само еволуција. Барем кога се работи за механичка работа.

Во суштина, 3.8-литарскиот твин-турбо V6 мотор ќе остане под хаубата и ќе испорачува најмалку 600 коњски сили. Дополнително, се наведува дека Nissan ќе имплементира благ хибриден систем, со цел да ги намали емисиите и да му овозможи на овој модел полесно да ги помине се построгите стандарди за емисија на штетни гасови.

Во тој случај би можеле да очекуваме наследник и во Европа, но досега ниту една оофицијална јапонска марка не зборува за иднината на моделот GT-R, што ги доведува во прашање овие наводи.