Цените на нафтата паѓаат втор ден по ред
Цените на нафтата утрово дополнително паднаа, додека пред една недела беа над 130 долари за барел
Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар потона за 4,05 отсто, на 102,60 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 4,10 отсто, на 98,80 долари.
На девизните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 98,87 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,22 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 117,80 на 118,30 јени, што е ново највисоко ниво во последните пет години. Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.0980 долари, додека вчера во овој момент беше 1.09935 долари.
Извор: Макфакс