Во Кашмир никнува сообраќајно чудо: железничкиот мост кој се издигнува „над облаците“ и може да издржи терористички напади!
Најавено е дека мостот вклучува челик отпорен на експлозија и може да продолжи да функционира дури и ако еден од неговите 17 потпорни столбови биде уништен
Железничкиот мост Najiehe во Guizhou, Кина, моментално е највисокиот од ваков вид во светот. Но, тоа ќе се промени кога ќе биде завршен мостот Chenab во Индија, што се очекува во декември оваа година. Тогаш мостот кој се издига до 359 метри (долг е 1.313 метри) од истоимената река Chenab, ќе ја понесе титулата „Највисок железнички мост во светот“. Мостот Chenab е дел од обемниот транспортен проект на Хималаите, вклучувајќи неколку мостови и тунели кои го поврзуваат Делхи со Сринагар (летна престолнина на Кашмир) со воз кој покрива речиси 900 километри.
Овој железнички мост не само што ќе може да издржи силни ветрови до 266 km/h и предизвикувачки температури од минус 40 целзиусови степени, туку е дизајниран и да издржи терористички напади. Челикот е отпорен на експлозија и мостот може да биде функционален дури и ако еден од неговите 17 потпорни столбови е уништен.
Интересно е што обидите за поврзување на Делхи со Кашмир датираат од деветнаесеттиот век, кога Британија неколку пати се обидела да воведе железница во регионот. Тековниот проект исто така бил одложуван неколку пати, но сега се чини дека е вратен на вистинскиот пат, а министерот за железници на Индија, Ашвини Ваишнау, неодамна сподели слики од рекордниот мост Chenab на социјалните мрежи.