Добри вести од пазарот: Цените на нафтата стагнираат или паѓаат?!
Америка моментално произведува околу 2 милиони барели нафта дневно, што е сè уште еден милион барели дневно помалку отколку пред пандемијата на коронавирус
Кога цената на северноморската нафта од типот „брент“ на 8 март достигна 131 долар за барел, светот стравуваше од најлошото и неконтролиран раст на цените… Но сепак пазарот како да се смири и денеска се тргува по 112,67 долари за барел. Драматичните најави за 300 долари за барел засега изгледаат неосновани, но времето ќе покаже како нападот на Русија врз Украина ќе влијае на цените.
Се чини дека напорите на американската администрација за смирување на дивеењето на цените може да влијае, првенствено поради сопствените економски интереси да го зголеми производството на нафта во САД и Саудиска Арабија и да отвори нови пазари кои досега беа под санкции, како што се Венецуела и Иран. Ова ќе ги премости неизвесностите околу испораката и продажбата на руската нафта.
Владејачките демократи и т.н Big oil, односно најголемите американски производители на нафта, традиционално не се во добри односи, но оваа криза веројатно ќе ги натера на соработка бидејќи никому не е во интерес да ја продлабочи. Дури и на производителите на нафта, кои моментално уживаат во високи цени, но и понудата е помала. Америка моментално произведува околу 2 милиони барели нафта дневно, што е сè уште за милион барели дневно помалку отколку пред пандемијата со коронавирус. Резерви очигледно постојат, а администрацијата на Бајден сега се обидува да ги отклучи и дополнително да ги намали цените на нафтата и да ја држи инфлацијата под контрола.