За да се обиде да ја поправи ситуацијата, Stellantis работи на изградба на нови електрични автомобили со поволни цени

Купувањето нов автомобил на сегашниот пазар е во најмала рака e многу тешко. Благодарение на голем број фактори, и новите и користените автомобили се поскапи од кога било.

Ова доведе до тоа многу купувачи да ја одложат одлуката за купување, додека други избраа модели со послаб квалитет отколку што им дозволувал оригиналниот план. Новиот тренд на цените предизвикува загриженост и кај директорот на Stellantis, Карлос Таварес.

Просечната цена на нов автомобил неодамна надмина 43.500 евра (47.000 долари). Минатата година, таа бројка се зголеми за 5.720 евра (6.220 долари), во споредба со бројките од 2020 година.

Зошто растат трошоците за новите автомобили? Сè се сведува на понудата и побарувачката. Сегашната понуда на нови автомобили е намалена, додека побарувачката останува иста. Кога ова ќе се комбинира со рекордна инфлација, глобален недостиг на чипови, проблеми со синџирот на снабдување, пандемијата на коронавирус и новиот воен конфликт, сè станува појасно.

Топ 10 најпогодени автомобили од недостатокот на чипови

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, ја објаснува ситуацијата за The Detroit Bureau.

„Многу сум загрижен што ефектот на достапноста станува сè поголем проблем како што ескалираат инфлаторните притисоци“. 

Таварес разбира дека купувачите од средната класа мора да купуваат автомобили, а зголемувањето на цената врши голем притисок врз нивната финансиска состојба.

За да се обиде да ја поправи ситуацијата, Stellantis работи на изградба на нови електрични автомобили по пристапни цени, следејќи ја својата стратегија за електрификација за 2030 година, до кога планира да претстави 25 нови електрични возила. Затоа, следните 8 години ќе бидат клучни за Stellantis, но и за повеќето други производители кои исто така се посветени на своите планови.