Бродот за транспорт на автомобили може да прими речиси 4.000 возила, а на пат тргнал со сè уште неидентификуван број на Porsche и други Volkswagen автомобили

Бродот Felicity Ace испратил SOS повик од Атлантскиот Океан, а португалската морнарица и грчкиот танкер Resilient Warrior веднаш дошле во помош и спасиле 22 членови на екипажот. Причина за алармот е пожарот кој избувнал на бродот и кој во моментов не е под контрола, а не може ни да биде со оглед на тоа дека нема кој да го изгасне и да управува со него.

Felicity Ace на патување од Емден, Германија, тргнал на 10 февруари и во САД требало да пристигне на 23 февруари. Бродот за превоз на автомобили кој плови под знамето на Панама може да собере речиси 4.000 возила, а на пат тргнал со сè уште неидентификуван број на Porsche и други Volkswagen автомобили.

Одлична вест е дека сите членови на екипажот се добро. Бродот моментално плови без контрола, а пожарот беснее во неговата утроба, па нереално е да се очекува дека некои возила би можеле да бидат спасени…